![инфективна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/infektivna-2.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Првата пациентка заболена од коронавирусот денеска ќе биде испуштена од Инфективната клиника и ќе продолжи на домашно лекување, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
– Сите луѓе кои со неа се возеле во автобусот и членовите од фамилијата со кои контактирала се тестирани и тие се негативни на коронавирусот – рече Филипче.
Пациентката била тестирана за коронавирусот и била негативна, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.