(ВИДЕО) Деветмината од Пепелиште: Не искористија за да кажат дека карантинот е отворен!

Откако синоќа беше најавено дека 200 граѓани организирано од граничниот премин Деве Баир ќе бидат сметени во изолација во касарната во Пепелиште, Криволак, само деветмина членови на музичка група од Битола завршија таму.

Вчера властите информираа дека во касарната во Пепелиште во карантин ќе се сместат 200 македонски граѓани кои организирано од граничниот премин Деве Баир ќе бидат донесени во Пепелиште и под надзор ќе мора тука да поминат 14 дена. Тие претходно заглавија по аеродромите и граничните премини на средно ризичните европски земји според листата на Светската здравствена организација.

Пред да стигнат во касарната, министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше во овој воен објект за да провери дали се е подготвено. „Ова ќе биде шанса, изолирано од останатиот дел на нашето население, да се направат првите проверки од страна на медицински лица и да се донесе одлука што понатаму“, напиша вчера на својот фејсбук профил министерката Шеќеринска.

Но, не е баш така, битолските музичари се чуствуваат изиграно, а порталот А1он.мк отсвари контакт со овие лица и објави ексклузивен видео материјал.

За што станува збор погледнете од видеото: