Рим ја испраќа војската на улиците во Ломбардија

ANSA/ MOURAD BALTI TOUATI

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, соопшти во петокот дека владата во Рим прифатила да распореди војска во овој северен италијански регион, за да се заостри мерката карантин во борбата против ширењето на коронавирусот.

Барањето да се распореди војската на улиците на Ломабардија „е прифатено и 114 војници ќе бидат распоредени ширум Ломбардија. Тоа сѐ уште е епремалку, но е позитивно“, рече Фонтана на прес-конференција.

Ломбардија побара до владата во Рим и дополнително да ги заостри рестрикциите кои веќе се на сила, а вклучуваат и затворање на сите објекти и институции кои не се неопходни за животтот, како и забрана за собирање,

Фонтана, иако не изнесе конкретни бројки, додаде дека последните податоци укажуваат оти нема забавување на пандемијата од коронавирусот во Ломбадрија.

„За жал, не гледаме промена во трендот на бројките кои растат“, истакна.

Пред неколку дена Фонтана, пак, рече дека има причина за оптимизам, бидејќи тогашните подацоти покаќуваа дека вирусот почнал да се шири малку побавно.

„Зголемувањето на бројот на новите случаи не е толку драматично колку што беше пред два-три дена. Да се надеваме дека станвуа за пресврт во трендот. Го велам ова полугласно, воа би можело да биде почеток на надолниот тренд“, рече Фонтана во понеделникот.