Директорот на агенцијата за вработување, Влатко Попоски изјави дека расте трендот на преминување на пасивните баратели на работа во активни.
Во Агенцијата за вработување моментно се пријавени 101.400 активни баратели на работа и 114.000 пасивни, но има добар тренд на преминување во активни, изјави Попоски по отворањето на дисперзираната канцеларија на Агенцијата во Општина Гази Баба.
Ова е петнаесетта дисперзирана канцеларија на Агенцијата и истата е лоцирана во зградата на Општината.
Жителите на општината ќе добиваат услуги од 08:30 до 16:30 во работните денови. Ќе може да се информираат за активните мерки за вработување, како и да пријават невработеноста, да добијат информации за вработување, слободни работни места.