(ВИДЕО) Снимки од моментот кога земјотрес го погодува загреб

Хрватската престолнина утрото во 6:23 часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, најјак во последните 140 години.

Во критична состојба е 15-годишно девојче откако се урнала куќата во која живеела. Десетици граѓани на Загреб се повредени.

Материјалната штета е голема а најмногу настрадале старите градски јадра, особено куќите постари од 100 години.

Оштетена е и фасадата на хрватскиот Сабор.

 

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=26&v=Sf2Jot4BS0o&feature=emb_title