Речиси 300 лица починаа, а повеќе од 1.000 се разболеле во Иран откако пиеле метил алкохол за да се заштитат од коронавирусот, јавија иранските медиуми.
Во Иран алкохолот е забранет, а оние кои пијат најчесто се снабдуваат од нелегални производители.
Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Иран се искачи на повеќе од 30.000, од кои приближно 2.400 луѓе починале, соопштија денеска иранските здравствени власти.
Според иранското Министерство за здравство во последните 24 часа во земјата се регистрирани 2.926 нови случаи, со што вкупниот број на заболени луѓе од Ковид-19 достигна до 32.332.