Коалициските сили предводени во САД се повлекоа во неделата од воената база на северот од Ирак, којашто беше цел на ракетниот напад кон крајот на ланскиот декември, што ги заостри американско-иранските односи на работ на отворен воен судир.
Ова е третата воена база којашто коалициските сили ја напуштаат во Ирак од почетокот на март, а во неа биле стационирани 300 војнции на меѓународната коалиција.
Коалициските сили ја предале контролата над воздухупловната база „К1“ во северната ирачка покраина Киркук. На ирачката војска, исто така, ѝ предале опрема во износ од милион долари, соопшти портпаролот на коалициските сили во Ирак, полковникот Мајлс Кегинс.
Во „К1“ коалициските сили се сместени од 2017 година за започнување на операциите против Исламската држава во блиските планински области. Областите јужно од Киркук, и северно од соседните провинции Дијала, Салахудин и Ниневија, според воените експерти и натаму се жаришта на активност на сунитските џихадисти. Делот на територијата е, исто така, спорен меѓу федералната ирачка влада и автономниот курдски регион. Присуството на коалицијата во регионот понекогаш имаше посредничка улог меѓу двете конкурентски власти.
До почетокот на март, во Ирак беа стационирани околу 7.500 лица на колаициските трупи, меѓу кои 5.000 американски војници.
Повлекувањето се планира „во наредните денови“ од уште две бази во западен Ирак, додаде полковникот Кегинс. Според него, војниците сега се дислоцирани во други бази во земјата, а некои од нив, чиј број не го прецизираше, следните седмици ќе бидат вратени во своите земји.
Воздухопловната база „К1“ е третата локација којашто овојо месец ја напуштија коалициските единици, во согласност со американските планови да ги консолидираат своите трупи на две локации во Ирак.
Во ракетен напад врз базата кон крајот на ланскиот декември загина американски цивил по договор во армијата, и предизвика до серија воздрушни напади меѓу САД и ракетните од ирачките шиитски милиции прврзани на Иран. Меѓусебните напади кулминираа со американскиот целен напад во кој на аеродромот во Багдад беше убиен водечкиот ирански воен командант Касем Сулејмани и висок функционер на ирачката шиитска милиција Абу Махди ал-Мугандис. На тоа Иран одговори со масивно ракетирање на ирачките воени бази со американски војници, во кои беше нанесена голема материјална штета, а стотици војници претрпеа главно полесни повреди.