![jjryqhjxrubirpp1ov6f](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/jjryqhjxrubirpp1ov6f.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Семејството на почината 37 годишна родилка од Охрид се жали дека дежурните гинеколози од охридската болница не и овозможиле соодветен лекарски третман иако таа неколку дена пред да почине три пати била на гинеколошки преглед.
Нејзина блиска роднина за АлфаТВ раскажува дека жената со силни болки неколку патит била враќана дома со препорака да се врати кога ќе дојде време за породување.
„На 26 март ја однесе неговиор сопруг со болки, тие ја вратија. Ја прегледале и кажале да дојдеш по четири дена. Но, третиот ден таа почнала да крвари и имала големи болки“, раскажува нејзина роднина, според која состојбата на веќе починатата станувала сѐ полоша.
Тие секој ден се враќале на Гинекологија, чувствувајќи дека нешто не е во ред.
Роднината вели дека таа го молела докторот за помош, но тој ја враќал дома. Откако веќе состојбата била алармантна таа била примена во болница бидејќи, како што им било кажано, бебето било во критична состојба и морало да се носи на Гинеколошката клиника во Скопје.