Лековите против маларија докажаа дека се ефикасни во лекувањето на инфекциите предизвикани од коронавирусот, но не се 100 отсто, изјави денеска рускиот министер за здрвство Михаил Мурашко.
-Лековите против маларија покажаа дека се доволно ефиканси, но не се лекови кои спасуваат животи во сите ситуации, рече Мурашко во интервју за програмата „Познер“ на руската телевизија „Канал 1“.
Според рускиот министер, разработени се повеќе режими за примена на овие лекови и други антивирусни лекови, пренесе Тасс.
„Во тек се лабораториски истражувања што треба да утврдат кој од овие лекови ќе може да ја запре репродукцијата“ рече Мурашко.
Тој додаде дека овие лекови ,можат да се земаат само под лекарска контрола , дека се токсични и дека не можат да се земаат само заради превентива.