Британската влада одби да каже во вторникот кој е одговорен за нуклеарните шифри на Обединетото Кралство додека премиерот Борис Џонсон се наоѓа на одделот за интензивна нега поради компликациите предизвикани од заразата со новиот тип коронавирус.
На прашањето на јавниот британски раадиодифузен сервис BBC, дали министерот за надворешни работи Доменик Рааб ги добил нуклеарните шифри, имајќи предвид дека премиерот Борис Џонсон е хоспитализиран, министерот во владата Мајкл Гоув, изјави дека не се зборува за прашања од национална безбедност.
„Постојат добро развиени протоколи кои се воспоставени. Навистина не можам да разговарам за прашања од националната безбедност“, изјави Гоув.
Според она што е познато во јавноста, само бринтанскиот премиер може да одобри нуклеарен напад. Таквата наредба би била пренесена на една до британските нуклеарни подморници со посебна низа шифри.
Гоув, покрај тоа, потврди дека Рааб ќе ја води земјата додека премиерот е на интензивен лекарски третман, како и дека нема да има одложување на одлуката за укинување на строгите мерки за изолација.
„Личноста којашто ја води земјата, според планот кој го зацрта премиерот, е Домоник Рааб, министерот за надворешни работи“, изјави Гоув за телевизијата iTV.
Запрашан дали ќе биде одложена одлуката за промена на строгите мерки за изолација, којашто би требало да биде разгледана во понеделник, Гоув одговори дека нема да биде одложена, како и дека ќе биде донесена колективно во владата, но и дека конечната одлука ќе ја донесе Рааб.
Личната борба на премиерот Борис Џонсон со коронавирусот ја тресе британската влада, токму во периодот кога земјата, според провените на експертите, влегува во можеби најтешката седмица од епидемијата. Џонсон на 27-ми март објави дека е заразен со коронавирусот и беше во самоизолација во Даунинг Стрит до неделата, кога итно беше пренесен во болницата, поради тоа што симптомите не се повлекуваа ниту по десет дена. Во понеделникот вечерта, бепе пренесен на одделот за интензивна нега, бидејќи состојбата рапидно му се влошила. Извори од болницата „Свети Тома“ за британските медиуми велат дека Џонсон добил кислород, но дека бил свесен и оти не е ставен на респиратот.
„Тој (Џонсон) не е на респиратор. Премиерот добил кислород и е под буден надзор“, изјави во вторникот Гоув додавајќи дека Џонсон ја има најдобрата нега од медицинскиот тим во болницата „Свети Тома“.