Зошто Меган и Анџелина редовно се сретнуваат: Откриена тајната на Џоли, таа ѝ е најдобра опција!

Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, а секој ден се шират нови информации за некогашниот кралски пар.

Овој пат информациите имаат врска со популарната актерка Анџелина Џоли.

Меган сега сака да ја прошири својата улога на наратор во документарецот на Дизни, со Анџелина Џоли, на која исклучително ѝ се восхитува. Сака таа да ѝ биде менторка во актерството. Џоли исто така глумела во филм на Дизни.

„Меган има почит кон Анџелина, како лично, така и професионално. Ѝ се восхитува како успеала да ја избалансира работата во добротворни цели и да има успешна кариера, а покрај тоа да одгледува шест деца“, рекол извор близок на Меган.

Меѓутоа, истото мислење го има и Џоли, која наведува дека сака да го негува пријателството со војвотката. Се надевала на нови пријатели во Лос Анџелес, а како што тврди изворот, Меган ѝ е најдобра опција. Се виделе веќе неколкупати.