![praga koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/praga-koronavirus.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Чешката влада во вторникот најави план за постепено отворање на продавниците и рестораните во следните седум седмици за да ја размрда економијата којашто запре поради пандемијата од коронавирусот.
Помалите дуќани ќе бидат отворени на 20-ти април, поголемите продавници на 11-ти мај, а растораните и трговските центри на 9-ми јуни, соопшто владата.
Меѓутоа, чешкиот министер за здравство Адам Војтех предупреди дека планот зависи од почитувањето на хигиенските мерки, како и дека е условен и од брзината на ширењето на короанвирусот.
Чешка, со нејзините 10,7 милиони жители беше меѓу првите европски земји кои прогласија вонредна состојба на почетокот од март, 13 дена откако беше потвреден првиот случај на Covid-19 во земјата.
Чешките власти, исто така, меѓу првите во Европа ги воведоа едни од најстрогите мерки на рестрикции на јавниот живот, уште додека имаше помалку од 200 заразени. До вторникот во Чешка има околу 6.100 заразени лица, од кои 161 починал.
Рестрикциите го намалиле бројот на новите случаи на помалку од 300 во текот на последните десет дена, а бројот на хоспитализациите сѐ уште не ги надмина капацитетите на чешкиот здравствен систем.
Со денеска презентираниот план на чешката влада, се предвидува и повторно отворање на училиштата, повеќето од нив за одржување на испити, додека традиционалното образование нема да започне пред почетокот на новата академска година во септември.