Една од темите за која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говори во неговото денешно видео обраќање е економска и е поврзна со предлогот кој што ВМРО-ДПМНЕ изминатите неколку недели гласно го артикулираше и го рефлектираше во македонската јавност, а тоа е намалување на стерилизацијата на практично на македонските банки во Народната банка и трансфер на дел од таа стерилизација во министерството за финансии т.е. директно во буџетот на Македонија, а од друга страна тоа што ќе остане како ликвидност да биде директна поддршка за бизнисот бидејќи таа им е сега најпотребна во овие услови на пандемија.
-Имено пред неколку дена бевме сведоци дека Народната банка донесе соопштение преку советот дека ќе го намали волуменот на благајнички записи кои што ги нуди на пазарот од 25 милијарди или го намали за 8 милијарди на 17 милијарди денари, или го намали за од прилика 130 милиони евра, пари кои што ги остави слободни на пазарот, а веќе во текот на вчерашниот ден бевме сведоци дека министерството за финансии успеа да запише преку 6 и 12 месечни државни записи околу 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра и притоа раздолжувајќи се 25 милиони евра поради стари задолжувања, а останатите 75 милиони евра останаа во буџетот како поддршка на макро економската стабилност, а од друга страна пак останаа 2 милијарди во банките кои што апелирам до банките да ги пласираат директно до компаниите за да можат компаниите да го издржат овој навистина тежок период здрави. И да можат потоа заедно со работниците да ја повратат економската активност и да ја повратат практично 100% македонската економија. Добро е што конечно Народната банка го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ кој што го рефлектираше изминативе неколку недели и успеа да дестирилизира практично околу 130 милиони евра кои што ќе бидат директна поддршка за макроекономската стабилност и буџетот на државата, а од друга страна остатокот ќе биде директна помош од банките за македонското стопанство и компаниите да го пребродат овој период, порача Мицкоски.