Поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден поднесе барање за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години.
– Да, аплициравме за продолжување на дозволата за престој уште три години. Се надеваме дека одлуката ќе биде позитивна, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена за ТАСС.
Тој додаде дека во моментов не се разгледува прашањето за добивање руско државјанство.