Џони Дип ‘потклекна’ пред искушението во овие тешки денови да направи Инстаграм.
Претходно самиот призна дека немал потреба да биде на социјалните мрежи, но сега, како што вели, е вистинско време за отворени разговори, бидејќи заканата од невидлвиот непријател веќе предизвика премногу трагедии и им нанесе болка на многу семејства.
https://www.instagram.com/p/B_C26kipVRN/?utm_source=ig_embed
Им се заблагодари на сите кои досега го поддржувале, а прилично е јасно дека со тоа мислеше на грозниот развод од Амбер Хард, за време на кој меѓусебно се обвинуваа за физичко насилство.
Дип покрај својата прва фотографија објави и видеопорака за фановите. За помалку од 24 часа почнале да го следат 2 милиони корисници.