Путин: Сѐ ќе биде добро, со Божја помош

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати во неделата со видео-порака на милионите сонародници и православните христијани во светот по повод Велгиден во атмосфера на пандемијата на коронавирусот и празни храмови.

„Сѐ ќе биде добро, со Божја помош“, порача Путин седејќи симболично крај каминот во кој гореше оган со чај и колачи од својата резиденција пожелувајќи им на верниците здравје и среќа.

Годинава рускиот претседател не го посети, како вообичаено секоја година, московскиот соборен храм на Христост Спасителот. Наместо тоа, Путин запали свеќа во капелата во неговата резиденција во Ново Огарјево во Московската област, соопшти Кремљ.

Путин притоа ги увери сонародниците дека ситуацијата со епидемијата е под целосна контрола и покрај зголемениот број пријавени случаи, што претходно седмицава здравствените власти го образложија со бележењето и на случаите на пневмонија, којашто е најчестата последица од заразата со коронавирусот и најчеста причина за смртните исходи.

„Сите нивоа на власта работат хармонично, органзиирано, одговорно. Ситуацијата се наоѓа под полна контрола“, рече Путин.

Претседателот рече дека Русија располага со неопходните ресурси и резерви за да го заштити населението и да ја поддржи економијата којашто, како и секаде во светот, е тешко погодена од пандемијата.
„Ги користеиме претпазливо, прецизно, поаѓајќи од моменталната состојба и, во прв ред, за да им се помогне на луѓето, на оние семејства кои се наоѓаат во тешка состојба“, додаде Путин.

Рускиот претедател, исто така, истакна дека властите во земјата активно работата и соработуваат во битката против коронавирусот.

„Внимателно ги анализираме искуствата од другите земји, активно комуницираме со нашите странски пријатели и колеги, разбираме што се случува, го согледуваме ризиците, знаеме што треба да се стори при каков и да е развој на ситуацијата, и го правиме она што е неопходно“, рече Путин.

Русија, инаку, во неделата соопшти за рекорден број новозаразени во последните 24 часа – 6.060 инфицирани и 48 починати, со што вкупниот број во земјата достигна 42.853 пациенти. Но бројот починати е мал и изнесува 361 лице, а досега се излекувал 3.291 пациент.

Руската престолнина Москва, која бележи најголем број заразени и починати од короанвирусот и каде дури 44 отсто од 24.324 пациенти се на возраст меѓу 18 и 45 години, е под строги карантински мерки. Русаката православна црква поради тоа ги повика верниците кои во голем број одат во храмовите, овојпат да останат дома поради заканата по нивното здравје.

Дражвната телевизија директно ја пренесуваше литургијата која ја водеше Московскиот патријарх Кирил, која во црквата на Христос Спасителот во сослужение на само неколку свештеници. Патријархот Кирил изрази притоа надеж дека пандемијата ќе престане да ги унишува човечките животи и општествата ширум светот.

Во многу земји на истокот, како и во Македонија, велигденските Воскресни литургии можеа да се следат преку интернет и телевизиите.

Во Белорусија, коајшто не воведе никакви ограничкувачки мерки поради коронавирусот, црквите беа отворени за верниците, и покрај тоа што некои извори на запад велат дека има 29 починати и над три илјади заразени. Претседателот Александр Лукашенко, кој тврди дека смртните исходи се резултат на други хронични болести а не на болеста Covid-19, предупреди да не се шири панија.