Денеска е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а потоа следниот државен празник е по две седмици кога ќе се одбележува Денот на трудот 1-ви мај.
Еве уште колку неработни денови има до крајот на годината.
Неработни денови во 2020 година се:
За сите граѓани на РМ
- 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
- 1 мај (петок), Ден на трудот;
- 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
- 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
- 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
- 8 септември (вторник), Ден на независноста;
- 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
- 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
- 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од православна вероисповед
- 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
- 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);
За граѓаните од католичка вероисповед
- 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
- 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (сабота), Национален ден на Власите;
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.