Шпан: Германија ќе ги преземе трошоците за лекување тешко болни пациенти од ЕУ

Германија планира да ги преземе трошоците за лекување на тешко заболените пациенти од вирусот Ковид-19 од ЕУ, најави министерот за здравство Јенс Шпан.

– Европа мора да биде обединета во период на криза, порача Шпан во писмена изјава за ЗДФ.

Во германските болници во моментов има повеќе од 200 тешко болни пациенти од други земји на ЕУ.

Шпан истакна дека Германија е во состојба и подготвена да прими уште пациенти и во моментов има барање за дополнителни 40 пациенти.

– Ова е нашето разбирање за европската солидарност, истакна Шпан.

Министерството процени дека трошоците за лекување може да изнесуваат околу 20 милиони евра.

Инаку, станува збор пред се за пациенти од Германија, Италија и Холандија.

Шпан исто така рече дека очекува правилата за физичка дистанца и за хигиената да останат во функција долго време.

– Сè додека не се појави вакцина, ќе мора да бидеме внимателни, порача Шпан.