Две девојки загинаа, а две момчиња на возраст од 25 до 31 година се повредени кога нивниот автомобил излетал од патот Струмица – Валандово денеска рано изутрина, информира полицијата.
Несреќата се случила околу 4,40 часот кога возачот П.К. (25) од гевгелиско Негорици изгубил контрола над автомобилот „опел вектра“ , по што излетал од патот и паднал во провалија.
Поради сериозните повреди Нада М. (25) од Негорци и Магдалена П. (31) од Миравци починале на местото на несреќата, додека возачот и уште еден сопатник Т.Д. (25) од Гевгелија се тешко поврдени.
Според информациите сите четворица биле колеги и се враќале дома до работа.