Мицкоски: Приоритет е здравјето на граѓаните и економијата, а не изборите

Ние јасно сѐ уште не ги знаеме економсите ефекти од пандемијата. Власта претходно викаше дека блескаме на економски план, а што прави сега!? Тоа е несериозно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ.

-Денес нам ни на крај памет не ни паѓа политикантство. Нашиот став е јасен приоритет е здравјето на граѓаните и економијата, тука не се изборите. За тоа треба и комплетирање на работите, треба да се види што со избирачкиот список на пример. Во меѓувреме има и починати. Тука е и прашањето за екипирање на изборачките одбори. Зоран Заев пак што прави зборува, брифира со датуми за избори. Јас се држам до принципите, не можам да се однесувам лицемерно како Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски категорично рече дека во услови на ваква здравстевна криза треба да се рамислува пред се за здравјето на граѓаните, како и за економките последици, а не за избори.