Паноптикум

Едно од најчестите прашања кои ги добивав минатиов период е како им успеа, како толку лесно ни врзаа колан околу вратот, како лесно се она што ни значеше го фрливме низ вода…? Лесно драги мои. Многу лесно и тука е целата нивна генијалност, затоа што ние самите баравме!

И претходно кажав и пак ќе ви повторам, ако малку навлезете во целава состојба со класична Шерлоковска дедукција, неминовно ќе дојдете до истите заклучоци. Секако, заклучоците да се базирани од вас, а не од пресови или балкански јујтуб видеа на „просветлени“. Да се повторам од претходната колумна, ова не е смислен заговор, има голема доза на панична ракција кај институциите која ја покрија дека се во контрола кои ние самите ги оправдавме со теории на заговор-демек, се некој пар луѓе смислиле ова… намерно.

Сега откако настана од епидемиум – пандемиум, секоја интересна група од држави, длабоки држави, банки и корпорации, гледа како да ја искористи максимално ваквата состојба. А, ќе ја користат додека им одговара, затоа што не држат многу лесно врзани во затвор кој сите го почитуваме оти она што успеаја е да посеат страв и ние се самозатворивме и не смееме ни да писнеме!

ПАНОПТИКУМ

Џереми Бентам, ахритект од 18. Век, Англија, е творец на совршениот затвор, наречен Паноптикум. Практично, зградата со затвореници е кружна, во средината има кула и сите затвореници ги набљудува само еден стражар. Само 1! Главниот трик е што сите ќелии во кругот гледаат накај средината кон кулата, каде е чуварот, но никој од затворениците не може да го види чуварот, така е направено. Ако имало прва и основа идеја на Големиот Брат, тоа е оваа и во практична примена во некои затвори и денес. Штосот е во тоа што, иако секој знае дека чуварот не може да ги набљудува сите затвореници, никој од нив не знае дали во даден миг е набљудуван. Затоа и сите затвореници се однесуваат уредно и ги почитуваат правилата. Познато? Не? Да? Завсино од вашиот одговор, ќе си дадете многу лични одговори.

Секако еден чувар не може да се справи ни со тројца бунтовни затвореници, но има време за да алармира поголема безбедносна формација и да се среди. Освен психолошкиот миг дека си набљудуван, клучно е кој ги има информациите кој и како, во даден миг, делува, се движи, што прави + сомнежот дека си набљудуван е повеќе од камшик. Ах, како само тоа прекрасно го опишува Орвел во 1984 со двостраниот телевизор – кој го гледаш, но и може да те гледа и ти кроток и мирен. Што може повеќе да посака една власт?

РЕВОЛУЦИЈА НЕМА ДА ИМА – НИКОГАШ ПОВЕЌЕ

Поучени од сите општествени шифтови-поместувања тектонски или локални, додека ние си уживкавме во комодитетите, кафани, рсторани, клубови, шопинг едн факинг, удобни каучи, плажички и други мераци, каде се правевеме само мозок не вклучувавме, со децениии најголемите умови на планетава, беа анагажирани во изработка на сценарија и анализи на човечковото однесување. Многумина го знаете Фројд, но не знаете што потоа работеше со неговите дела и на какви проекти неговата ќерка, која е творец на современиот маркетинг, каде на суптилен начин се уфрлаат подсвесни пораки, со алузии, кратки секвенци и уште многу други методи кои потполно прецизно го наведуваат човековото однесување во одреден правец. Ако ова го користеле и спонзорирале Мега Гига компании, творците не воените доктрини цуцале сок во Ареа 51 или Бајконур ранејќи елиенски гушетери?

КОРОНА

Никој не знае точно што е и како со Коронава и ние веруваме на авторитети. Мртви нема по улици, секако сепак сме цивилизација. Никој од нас болен не може да види, а посетин на погреби се забранети. Се што прифативме како вистина е од некој си тотален анониомус-портпароли низ светот кои дневно не убедуваат дека мора да сме дома и да се заклучиме  – оти баба рога е дојдена… Да се разбереме, не може да се сее страв без основа, ризикот е премногу голем, значи болест има, има смртност и бара мерки тука немам двојба. Но…

Тука е моето големо но… И јас како нестурчен можам само да ги соберам на куп нелогичностите кои ми укжауваат дека пандемијава е искористена за нечије, а не наше добро, под „нечие“ зборувам токму за оние кои најмногу ќе профитираат, а тоа не се само компании, туку и служби за контрола на луѓето, која секоја земја ги поседува. Ако мислите дека тука има добри и лоши, дека некој повеќе или помалку се грижи за својот народ и нација, е најголемиот трик за да ве до-збунат и држат во страв. Македонија во оваа приказна е како „коњот и жабата“, ние правиме како другите и ние никогаш не сме воделе своја, самостојна политика, а камо ли ова…

За да не се потпрашувате многу дали грешеле и како требало, наскоро ќе си добиете избори и „чича-мича готова прича“ ојде муабетот праудоле и од коронава ќе отиде у заборав.

Луѓе во страв се послушни. Стравот од болеста е се помал, тоа е јасно дека секој здрав и прав нема гајле, но стравот е во 2.000 евра казна, толку. Затоа нема бунт и нема ни да има…

А, некој беше предаден за грст сребреници – изгледа дека 2.000 евра е вредноста на сумата која била исплатена. Сите сме предавници, ја предадовме слободата. Но, полека, се’ ќе ни стане јасно кога стравот ќе почне да бледее… „ма нема везе“ тогаш ќе дојде време за грчки плажи, па има да ги прегазиме мигранитетите со нашето стампедо во јуриш по лежалки.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес