Во интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски рече дека опозицијата нема капацитет да се врати на власт и истакна дека истата треба да седне да креира добра и адекватна стратегија и да се организира.
– Мислам дека не треба да се брза. Треба опозицијата, тука спаѓа и ЛДП, да направи добра стратегија, а не само да вади афери и да критикува. Треба да понуди нешто. Апсолвирано е прашањето дека луѓето се разочарани. Сметам дека сѐ уште не се уверени дека опозицијата е подобра алтернатива. Јасен е притисокот врз јавноста, но сметам дека голем удел во тоа што ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште на власт има и опозицијата со немањето адекватна стратегија и организираност – вели Жерновски.