Дресот на Марадона продаден за 55.000 евра, одат за добротворни цели

Дресот на аргентинската фудбалска репрезентација кој пред 33 години на пријателски натпревар го носел легендарниот Диего Марадона е продаден на интрнет наддавање за 55.000 евра.

Дресот на аукција го пониди Чиро Ферара, кој во Наполи играше заедно со Марадона. Герара го добил репрезентативниот дрес на Марадона во своето деби за селекцијата на Италија на пријателски меч одигран на 10-ти јуни 1987 година во Цирих, на кој Аѕурите славеа со 3:1, а Марадона го постигна почесниот погодок за Аргентина.

На истото наддавање се продадени и други предмети кои им припаѓале на славни личности, и собрани се вкупно 85.000 евра, кои се наменети за добротворни цели, односно за купување основни продукти за жителите на Неапол кои се нашле во тешка економска ситуација поради пандемијата од коронавирусот.

„Чиро, добивме уште еден натпревар, веројатно најважниот од сите. И го добивме заедно, исто како и порано“, напиша Марадона на својот фејсбук профил.