Расмунсен: Итно да се ослобoдат турските дипломати

Генералниот секретар на НАTO, Расмунсен повторно повика на итно ослободување на турскиот дипломатски и безбедносен персонал кое пет дена ги држат исламските екстремисти во Мосул, пренесоа медиумите.

„Сакаме да ги видиме сите турски заложнициослободении сакаме да видиме дека се на сигурно. Ги следиме опасните случувања во Ирак со голема загриженост. Го осудувам неприфатливиот напад на Генералниот конзулат во Мосул“, навел Расмунсен во Анкара.