Од почетокот на мерките Французите се потешки во просек за 2,5 кгр

Повеќето Французи, или околу 57 отсто, се здебелиле од почетокот на применувањето на мерките за ограничување на движењето воведени на 17-ти март и сега се просечно потешки за 2,5 килограми, како последица од недоволното движење и постојаното „грицкање“, покажува истражувањето на интитутот Ifop за специјализираната интернет страница Darwin Nutrition.

Според споменатото истражување, здебелени се 56 отсто мажи и 58 отсто жени. Мажите просечно за 2,7 килограми, а жените за 2,3 килограми.

Најзафатени со оваа појава се невработените и послабо квалификуваните, се истакнува во резимето на истражувањето и се додава дека лицата кои живеат во двојки и со деца повеќе напредувале во зголемувањето на телесната тежина отколку самците.

Поради ограниченото движење, 42 отсто од испитаниците навеле дека биле напнати и дека имале жестоки кавги со парнеррот за поделбата на подготовките на оброците и 41 отсто рекле дека се карале поради дневното мени.

Кај двојките главно жените ги приготвувале оброците, или 71 отсто од Французинките кои живеат во двојка изјавуваат дека приготвуваат повеќе од оброците откако траат рестриктивните мерки и само 21 отсто од мажите кои во двојката учествувале повеќе во подготовката на оброците отколку пред воведување на мерките.

Од испитаниците 42 отсто посветуваат повеќе време на приготвувањето на оброзицте, а исто толку почести пијат аперитиви.

Кога рестриктивните мерки ќе бидат укинати, повеќето од половина од испитаниците, или 56 отсто, имаат намера поздраво да се хранат, додека само 18 отсто планираат диета.

Истражувањето на институтот Ifop било спроведено онлајн во периодот од 24-ти до 27-ми април на репрезентативнен преимерок од 3.045 полнолетни лица кои живеат во Париз.