Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека ветил ревитализација на езерото Треска, но дека ништо од тоа не е реализирано.
„Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска. Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28. Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша ревитализацијата на комплексот.
„Треска е истовремено и социјална и културна мерка. Заради подобра достапност на Центарот Треска, ќе го интензивираме градскиот јавен превоз“, пишува во неговата програма.
Како што истакнуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, три години потоа езерото Треска е руинирано, зафрлено, и без ниту една инвестиција за негово ревитализација.
„Срамен потсетник на тоа колку Шилегов е неспособен и лажлив градоначалник. Петре Шилегов единствено се грижи од депонијата ‘Дрисла’ тендери да земаат роднините на Рашкоски без притоа да инвестира во развојот на животот на скопјани. Три години по ветувањето за ревитализација на Треска тоа е зафрлен споменик на најнеспособниот градоначалник на Скопје.
Шилегов вети враќање на духот на Скопје, но тој го убива духот на градот. Езерото Треска не само што не е чепнато туку е и небезбедно за случајните посетители. Шилегов веднаш да преземе мерки и инцијатива за реализација на ветеното“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.