Заев на избори и по цена на здравјето на граѓаните !?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата во Вила Водно и понатаму инсистира на брзи избори и покрај тоа што здравствените власти се уште не даваат „зелено светло“ за олабавување на рестриктивните мерки или одржување на избори.
Заев, според извори од лидерската средбата, тој дури кажал дека може да се разболуваат, ама државата мора да има нова влада.

Неофицијално, исто така, дознаваме дека Заев не бил загрижен што за кус период не може да се донесат набљудувачи од странство, тој рекол дека изборите мора да се случат, дури и да има ниска излезност, а граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста.

По средбата Заев вели се разговарало за повеќе датум за одржување на предвремените избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба. Но, Заев вели дека сите лидери се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинувањето на состојбата.

„Водењето грижа за здравјето на граѓаните е ако навистина ги ставиме во функција сите институции. Во РСМ, Парламентот е нефункционален кај нас,“ рече Заев.

Сепак, на средбата е прифатен предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обезбедување услови за заштита на здравјето на граѓаните, но и фер и демократска атмосфера за одржување на изборите. Сие лидери прифатели да се побара мислење од ОБСЕ/ОДИХР, Комисијата за заразни болести да подготви протоколи за однесување во текот на предизборната комисија и да се консултира Државната изборна комисија околу точните термини и роковите за одржување на избори кои би имале целосен легитимитет.

Мицкоски: Не сакам да сум мандатар и да победам по цена на човечки животи

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на лидерската средба го изнесе ставот на партијата дека при одредувањето на датум за нови избори треба особено да се внимава да не се загрози здравјето на граѓаните.

„Најпрво ќе почнам со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори а јас да го добијам премиерскиот мандат тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура и така ја почнавме денешната лидерска средба бидејќи тоа е во согласност со сите ставови кои што изминатите денови политичките лидери на политичките партии излегуваа во јавноста дека не е важен изборниот процес, не се важни изборите, туку важно е пред и над се здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток“, рече Мицкоски по завршување на лидерската средба во Вила Водно.

Мицкоски на средбата предложил да се разговара и за проблемите кои Македонја се соочува со Бугарија и нејзиното негирање на идентитетот на Македонците. За жал, како што рече Мицкоски, немало консензус од страна на останатите присутни да се разговара и на оваа тема.