Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба

Министерот за здрвство Венко Филипче истакна дека од Советот на безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.

Филипче посочи дека Советот на безбедност треба да се состане во текот на утрешниот ден, а Комисијата во својот Извештај ќе препорача ново продолжување на вонредната состојба која трае до 16 мај, во сабота.

„Нас ни е потребно вонредната состојба да се продолжи затоа што дел од мерките што ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Битно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми во однос на рестрикциите и уредбите даважат, бидејќи е сѐ уште важно да имаме инструменти преку кои овие препораки на Комисијата ќе може да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.