Ако продолжи да се смирува ситуацијата со коронавирусот, јуни, според внимателни прогнозери, би можел да донесе десетина проценти, а според оптимистите и до 30 отсто од туристичкиот промет од истиот период лани, кога Хрватска имаше малку повеќе од три милиони туристи и околу 15 милиони ноќевања, пишува „Вечерњи лист“.
Според весникот, хрватските хотелиери регистрираат се помалку откажувања на резервации, а некои дури рекле дека има извесен пораст во резервациите.
Хотелите во Хрватска во оваа етапа се делумно отворени.
– Мразот сега во мај ќе го пробијат деловните гости и сопствениците на викендички, пловила и нешто малку камп приколки затоа што камповите допрва почнуваат да се отвораат, пишува хрватскиот весник.