
Според пишувањата на АС, првите луѓе на Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига постигнале согласност за форматот за комплетирање на сезоната, фудбал ќе се игра секој ден односно по две кола во една недела.
Луис Рубиалес и Хавиер Тебас најдоа компромис за продолжението од сезоната, првите луѓе на Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига се договориле да има натпревари и во понеделник, па тоа значи фудбал секој ден во неделата, и две кола во една недела.
Единствено ограничување е да има пауа од 72 часа помеѓу два натпревари на еден тим.
Со ова за отвара простор сезоната да заврши до крајот на јули, односно согласност насоките од УЕФА. Планот е ре-стартот на првенството да се случи на 12. јуни, или евентуално седум дена подоцна.
Сега останува да се испеглаат деталите за распоредот, и саатниците. Со оглед на тоа дека во следните месеци температурите во некои делови на Шпанија ќе се искачат и до 40 степени, во потоплите предели на земјата мечевите ќе можат да почнат и во 23 часот.