Социјални одмори

Владата на  седница  на 08.05.2020 год. ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата и спроведувањето на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година.

Што да им кажат родителите на малите деца кои цела година очекуваа дека ќе се релаксираат барем на 10 дена од овој стрес што го доживеаја претходните 2 месеци континуирано?

Како  да им објаснат зошто средставата наменети за нив, ќе ги земат други, доволно големи за да  гласаат на избори, а со тоа  да им  се од “корист” на “чичковците”.

Во текот на кризата со Корона вирус најзагрозени беа семејства корисници на социјална помош. Нивните деца кој знае како сe снаоѓаа да следат настава, зашто немаа свој комјутер или добар мобилен. Можеби родителите, како што е често случај во немаштија, беa нервозни, не можеа дa ги  плaтат основни потребни намирници, и дополнителни потреби кои во тек на епидемијата сe појавија како неопходни(заштитни ракавици, средства зa дезинфекција). Сето тоа им создаваше дополнителен страв, чувсто на немоќ, лутина, бес, на што беа неми сведоци најмалите. Не секој можеше да се справи со  социјална изолација, сите  заедно во мал простор, па во некои семејства каде беа нарушени односите имаше и семејно насилство.  Мажите склони кон алкохол тоа го правеа дома, празнејки се на агресивен начин кон сопругите, а многу често и кон децата. Жените пак, оставени сами на себе од страв да не бидат одделени од своите деца, земаа лекови кои најчесто беа антидепресиви. Системот наместо да ги санкционира насилниците,  се’ уште ги оделува жртвите, најчесто жените и децата, од огништето и ги прави уште еднаш жртва.

Според новите сет социјални мерки ќе  им се дало на семејството 150 евра,  наменети за одмор  на средношколците, кои секако наполниле 18 години и можат да се грижат за себе. Како и на родителите во семејствата под ризик, за да купуват македонски производи за зајакнување на економијата. Но, немаат одговор и решение кој се грижи за нивниот страв и болест од корона или друга постоечка а продлабочена или новонастаната беспомошност, поради што се чувствуваат осамени и отфрлени. Само волонтери од Црвен Крст се грижеа за старите и изнемоштените, имаа линија за психолошка помош за да ги послуша нивни маки, бидејќп институциите беа глуви, полупразни или презафатени.  Имаше осамени стари лица на кои, нивните деца кои не живеат во иста куќа или град, не можеа да им ги купат основните намирници.

Не правете сегрегација, не ги делете луѓето, направете калсификација на  потребите но која нема да биде според ваши аршини и потреби, секако најмногу предизборни.

Не им го одземајте на децата задоволството да се чувствуваат барем малку еднакви и вредни со своите врсници кои одат на летување. Да ја почувствуваат среќата во оваа лошо и кризно време, а стручните лица знаат дека кај нив ќе има најмногу последици доколку биле под голем притисок, затоа што не знаат да ги применат техниките за самоодбрана и опуштање и имале најмалку комуникации со други деца.