ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Манчевски ширaт лажни вести дека деновиве најголем број од заразените се од литијата во Струга

СДСМ и Дамјан Манчевски се во паника дека ја губат довербата кај граѓаните и мислат дека со ширење на  лажни вести  ќе ја вратат довербата  кај народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Дамјан Манчевски во во гостување во телевизија 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери. Информациите кои ги дава министерството за здравство и Венко Филипче ниту вчера, ниту денес нема новозаразени од коронавирусот од Струга. Не само што шират лажни вести СДСМ и Манчевски се поставува и прашањето од каде му е оваа информацијата на Дамјан Манчевски кога ниту министерот за здравство Венко Филипче го нема кажано тоа? СДСМ мислат дека со ширеше на лажни вести ќе го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи овие лажни политики на СДСМ кога и да се случат изборите. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, соопшти партијата.