Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров зарзен со коронавирус?

Рамзан Кадиров, авторитарниот лидер во рускиот кавкаски регион Чеченија кој е поддржан од Кремљ, е под медицински третман заради сомневање дека бил инфициран со коронавирус, јавија руските новински агенции. Медиумите објавија дека Кадиров бил пренесен со авион во „една од најдобрите клиники во Москва“ на 20 мај, откако чеченскиот лидер покажал симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција.

Се наведува дека чеченскиот лидер имал пневмонија, откако веројатно бил заразен со коронавирус. Тежок случај на ковид-19 може да доведе до пневмонија. Официјалните лица досега не ги потврдија извештаите. Носејќи заштитна облека, Кадиров на 20 април ја посети болницата во Грозни каде што се лекуваат пациенти со коронавирус. Тој учествувал и на колективни молитви.