
Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е жив фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие. Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот? Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие – велат од партијата.