Доживотна робија за поранешниот турски претседател заради организирање на воен пуч

Поранешниот претседател Кенан Еврен и командант на зодухопловните сили Тахсин Сахинкај се осудени на доживотни казни затвор заради учество во воениот пуч во 1980 година, известија турските државни медиуми.

Еврен (96) и Сахинкај (89) се обвинети дека подтготвиле услови за воена интервенција, трета во 20 години, за потоа спровеле пуч, пренесе Ројтерс.

Судот во Анкара ги прогласи за виновни за злосторство против државата.

Судењето на двајцата преживеани лидери на пучот почна во 2012 година.

Ниеден од обвинетите не присуствувал на судењето заради лошото здравје, а сведочеле од болничките кревети по пат на видео линк, невела АП.

Пучот ги сопрел сртоносните пресметки меѓу политичките екстремисти, но бил вовед во воен режим, под кој илјадници луѓе се измачувани, а стотици осудени на смрт и многумина исчезнати, наведува АП.