3.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Кандидатка за пратеник на СДСМ обвинета за поткуп на гласачи во Шуто Оризари

Кандидатката за пратеник на СДСМ, Љатифа Шиковска, е фатена денеска „на дело како врши поткуп“ на гласачи во скопската населба Шуто Оризари, објави Ерџан Демир, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Шуто Оризари.

Демир притоа посочува дека претставничката на владејачката партија го загрозува здравјето на жителите на оваа скопска населба, бидејќи на овие средби не се почитуваат препораките за социјална дистанца и придржување на носењето заштитна опрема.

„Треба еднаш засекогаш да разберат дека со “делење” на пакети не се решава проблемот на Ромската зедница, на Ромската заедница како социјално најранлива и треба системски и институционални решенија, а не по едно пакетче на одредено време. СДС вети Живот но ништо од тоа, одкако дојдоа на власт животот на ромите е уништен. Покрај забраната за групирање, порастот на бројот на заболени и лажните ветувања од по 7000 денари за невработено семејство, они си го тераат своето. Од кај што не им ги решивте проблемите, ги лажете, се обидувате да ги манипулирате , барем немојте и здравјето да им го загрозите. Како што знаете на вас да си обезбедите заштитна опрема требаше и на граѓаните да им обезбедите, но по тоа се гледа дека на вас не ви е важно дали ќе го загрозите здравјето на граѓаните“, напиша во фејсбук статус Ерџан Демир