Во СДСМ сретнав многу добри луѓе, многу квалитетни луѓе. Сретнав луѓе кои се со огромни квалитети, луѓе кои сакаат промени, но тие луѓе ги нема во врвот на партијата, истакна поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говорејќи за актуелната состојба во партијата.
Истакна дека пет години од својот живот потрошил борејќи се работејќи на програма за македонското образование чија крајна цел ќе е реформа на образовниот систем, но очигледно залудно како што вели тој, бидејќи врвот на СДСМ не сакал да спроведе суштински реформи.
Атанасов потенцираше дека на последниот состанок со Заев тој му посочил дека доколку не се спроведат реформи во образованието тој ќе си замине.
„Или дајте да правиме реформи, да го направиме тоа што сме го нарцтале или јас ќе си одам3, вели Атанасов.
Додаде дека козметички промени може да има, но тие не носат никаков резултат.