Во Британија малите компании поради коронакризата досега позајмиле 21 милијарда фунти

Малите британски претпријатија позајмиле повеќе од 21 милијарда фунти во рамките на помошта поради последиците од пандемијата на коронавирусот кои владата ги гарантираше во мај, значително пред другите програми за поддршка

Министерството за финансии соопшти во вторникот соопшти дека вкупниот износ на заеми во рамките на Проектот за враќање кредити (Bounce Back Loan Scheme) до 31-ви мај за малите компании пораснал на 21,3 милијарди фунти, во однос на 18,5 милијарди фунти на денот 24-ти мај.

Проектот за кредитирање на компаниите на коишто им се заканува затворање поради пандемијата на коронавирусот (Coronavirus Business Interruption Loan Scheme) на 31-ви мај достигнала 8,9 милијарди фунти во однос на 8,15 милијарди фунти една седмица претходно.