Полицијата во Париз го забрани и третиот протест против полициската бруталност и расизам што беше планиран за денеска.
Како причина за забраната се наведува опасноста од ширење на коронавирусот и загриженоста за опасноста од појава на социјални немири, пренесуваат американските медиуми.
Во одлуката се истакнува дека со мерките против ширење на инфекцијата е забрането собирање на повеќе од 10 лица.
Жителите на Париз денеска преку социјалните мрежи беа повикани попладнево да се соберат пред Ајфеловата кула.
Париската полиција претходно забрани уште два собира што беа планирани за денеска пред американската Амбасада.