Скопје е еден од градовите каде што е воведен полициски час кој трае 80 часа, а во населбата Чаир има слободно движење, граѓаните си пазарат. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив е отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час, објавува телевизијата Телма.
На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.
Главниот град и денеска со најголем број новозаболени од Ковид-19, вкупно 63, а од скопските општини Чаир предничи според бројот на активни случаи заразени од коронавирусот – 152, покажува најновата статистика на Министерството за здравство.
Во билансот за состојбата со Ковид-19, што денеска го објави Министерството, регистрирани се 111 новозаболени, а изнесени се и бројките на активни случаи во Скопско.
По Чаир со 152 активни случаи на второ место е Бутел со 59 активни случаи, трета е Гази баба со 58, во Аеродром има 53, во Сарај и Центар по 52.