Во Србија во изборната кампања досега 18 листи, опозиција се жали на нерегуларни услови

Српската Републичка изборна комисија (РИК) потврди досега 18 изборни листи за општите избори во Србија на 21-ви јуни, а уште четири чекаат проверка и потврда за исполнување на условите за учество на изборите коишто ќе ги бојкотира опозициската коалиција Сојуз за Србија (СЗС).

Изборите претходно беа распишани на 26-ти април но изборната кампања беше прекината со воведувањето на вонредбата состојба поради коронавирусот за на почетокот од мај изборниот процес да биде повторно започнат, со постапно ублажување на мерките за сузбивање на епидемијата.

Првите две места на гласачкото ливче ги заземаат владејачката Српска напредна партија (СНС) на актуелниот претседател Александар Вучиќ со листата „За нашите деца“ и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на вицепремиерот и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, чиишто социјалисти во сите изборни циклуси досега од 2012 година се водечкиот коалициски партнер на „напредњаците“.

Поголемиот дел од опозицијата изборната кампања ја гледа како повеќекратно нерегуларна: почнувајќи од здравствентите услови и фактот дека епидемијата од Covid-19 сѐ уште трае во Србија, до нефер условите во кои повеќето медиуми биле под контрола на власта или само делумно се достапни за рамноправен пристап и промоција на изборните програми за сите учесници на изборите.

Од опозицискиот корпус Вучуќ и неговата СНС се обвинуваат дека своите државни должности ги користат во ткн „функционерска кампања“, а од невладиниот сектор се бара да се преиспита емитувањето на предизборните спотови во кои се појавува Вучиќ, без јасно наведена должност, што е спротивно на законот. Бирото за социјални истражувања (БРОДИ) и Здружените граѓански движења (УГП) бараат Регулаторното тело за електронските медиуми (РЕМ) да го забрани емитувањето на ваквите спотови, предупредувајќи дека Законот за огласување „забранува лажно и прикриено огласување“, како и дека се наложува и „принципот на социјална одговорност во огласувањето“.

Овие организации предупредуваат дека Вучиќ „истовремено е претседател на Србија и претседател на СНС, а со спорните спотови ѝ помага на изборната листа на политичката партија чиј претседател е, да оствари што подобар изборен резултат“. „На овој начин Алескандар Вучиќ станува учесник во изборите како јавен службеник, односно престедател на Србија, но без наведување дека тоа го прави како претседател на Републиката, што по дефиниција е залажување на јавноста“, се истакнува во денешносто соопштение на БИРОДИ и ГДП.

Од опозицијата всушност од стапувањето на Вучиќ на должноста шеф на државата му забележуваат дека го крши Уставот на Србија кој одредува дека петседателот на земјата не може да извршува друга јавна должност, но не ја прецизираат суштината.

Истовремено, опозицискиот Сојуз за Србија (СЗС), кој ги бојкотира изборите инсистирајќи дека не постојат регуларни услови за чесна изборна кампања, соопшти во понеделникот дека власта предводена од Вучиќ ќе ја смета одговорна, бидејќи изборните активности и самите избори на 21-ви јуни претставуваат „голем ризик за граѓаните, бидејќи епидемијата сѐ уште трае“.

„Бројот на заразените со коронавирусот и високиот процент заразени во последните три дена покажуваат дека изборните активноти и изборите на 21-ви јуни се голем ризик за здравјето на граѓаните на Србија, а режимот на чело со Александар Вучиќ, ќе мора да одговара за манипулирањето со бројот на заразените и загрозувањето на здравјето на нацијата, се наведува во соопштенеито на СЗС.

Во Србија од последиците на заразара со коронавирусот во победелникот починало уште едно лице, а регистрирани се уште 73 новозаболени, според министерството за здравство. Бројот на новозаразените во Србија осцилира од почетокот на месецот, од 24 случаи на 2-ри јуни, 69 ден подоцна, следниот ден 48, за на 5-ѕи јуни да следи остар скок на 96 потврдени случаи. Следеа три дена со повече од 50 заразени, односно 74 на 6-ти, 82 на 7-ми и 73 во изминатите 24 часа, кога се пријавени 4.308 тестирани. На респиратори се 15 пациенти, а од почетокот на епидемијата од 6-ти март од последиците на инфекцијата со коронавирусот починале 250 лица.