(ВИДЕО) Полицаецот и Џорџ Флојд имале конфликти во клубот каде работеле

Бившиот полицаец Дерик Човин и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина додека Човин го држеше приклештен со коленото на вратот, имале конфликти додека работеле како обезбедување во ноќен клуб, изјавил за ЦБС нивниот бивши колега Дејвид Пини.

Пини, кој работел со Флојд и Човин во ноќниот клуб, рекол дека Човин бил многу агресивен, заради што имале конфликти со Флојд.

– Верувам дека тоа што се случи на 25 мај беше лично, рекол Пини.

Човин е обвинет за убиството на Флојд на 25 мај во Минеаполис, бидејќи речиси девет минути му го држеше коленото на вратот, иако Флојд неколку пати рекол дека не може да дише.

Смртта на Флојд поттикна масовни протести против расизмот во САД, но и низ целиот свет.