(ВИДЕО) Американците се обидоа да блокираат руска патрола во Сирија

Неуспешен обид на американски војници да го блокираат патот на руска воена патрола на северот од Сирија е објавено на повеќе канали на Telgram, како и на каналот на воениот дописник Евгеник Подуни.

Видеото прикажува како американско оклопно возило „M1235 MRAP“ се обидува да го мине руското патролно возило. Во тој момент од под хаубата започнува да избива пареа, оклопното возило почнува да пролизгува и на крајот „клапнува“.

Агенцијата РИА, повикувајќи се на воен извор, пренесува дека инцидентот се случил кај селото Абра, како и дека патролата на руската воена полиција продолжила по однапред најавената рута.

Агенцијата побарала коментар од американското министерство за одбрана, но до моментов не добила одговор.