Пет момчиња загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во Батајница на автопатот кон Нови Сад, кога слетале со автомобилот и удриле во надвозникот.
Момчињата се на возраст околу 18 години, а сообраќајната несреќа се случила рано утринава околу 03.25 часа кај новиот надвозник во Батајница, изјавиле за Танјуг од Брза Помош во Белград.
Како што пренесува РТС несреќата се случила на автопатот кај Нови Сад односно на обиколницата кај Белград кај Батајница. Несреќата се случила кога автомобилот удрил во ѕидот на надвозникот во изградба.