(ВИДЕО) Наполи во финалето на купот, Ериксен директно од корнер

Иако играчите на Интер во реваншот од полифиналето на италијанскиот куп го надиграа на гости Наполи, во финалето се пласираа домашните фудбалери кои во саботата одиграа 1:1.

Првиот натпревар во февруари во Милано заврши со победа на Наполи од 1:0. Во финалето кое се игра во среда на 17-ти јуни противник на Наполи ќе му биде Јувентус кој ден претходно о елиминираше Милан.

Во втората минута Интер поведе, и тоа со директен погодок од корнер. Одлично го изведе Кристијан Ериксен, а топката мина биз нозете на голманот Давид Оспина. Наполи израмни во 41 минута од контранапад, а стрелец беше Дрис Мартенс. Ова беше рекордниот 122-ри гол за Мартенс како играч на Наполи

Интер имаше доста шанси за уште еден гол кој ќе му донесеше пласман во финалето, но не успеа да го пронајде голот до противничката мрежа. Домашниот голман Оспина со неколку добри интервенции се извади за почетниот кикс. Во 33 минута го одбрани ударот со глава на Ромелу Лукако, како и во 40 минута кога во стопроцентна шанса се најде Кандрева. Во 77 минута го одбрани и итриот удар од слободен удар на Ериксен, кого го спречи да го совлада и во 83 минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 65 минути за Наполи.

https://www.youtube.com/watch?v=gtF_SB52hKQ