Јужна Кореја најави во вторникот дека решително ќе одговори доколку Северна Кораја продолжи да поттикнува тензии, а предупредувањето следеше отокако силите на Пјонгјанг со експлозив на меѓудржаванвата грааница бирото за врска, симболот на настојувањата за меѓукорејско помирување.
Уништувањето на оваа канцеларија „ги урна очекувањата на сите луѓе кои се надеваа на напредок во меѓукорејските односи и долготрајниот мир на (Корејскиот) полуостровот“, изјави заменикот на јужнокорејскиот советник за национанлан безбедноста Ким Јоу-гуен на брифинг за новинарите.
Додаде дека Јужна Кореја ја смета Северна Кореја целносо одговорна за сите последици кои можат да произлезат од ваквиот чин.
Русија изрази во вторникот загриженоста од настаните на Корејскиот полуостров, повикувајќи на воздражноста по чинот на уништување на севернокорејската канцеларија за врска во зоната на разграничувањето.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференцијата во Москва рече дека Русија со големо внимание ги следи настаните на Корејскиот полуостров, но засега не планира контакти на дипломатско ниво за намалување на напнатоста.
Северна Кореја претходно во вторникот потврди дека самата донела одлука да ја уништи канцеларијата за врска на својата територија, за да го искаже незадоволството од „човечката багра и оние кои го прикриваат талогот“ во Јужна Кореја.