Кошаркарската селекција во ноември во против Естонија и Италија

Кошаркарската репрезентација на Македонија во ноември ќе одигра два натпревара од квалификациите за ЕП 2021 година на гостински терен кај Естонија и Италија.

ФИБА донесе одлука да се играат натпреварите во ноември, а „црвено-жолтите“ ќе гостуваат на 27 ноември кај Италија, додека три дена потоа следи гостување кај Естонија.

Во случај, да не може да се игра во текот на ноември, тогаш натпреварите од тој „прозорец“ ќе бидат одложени, односно преместени за февруарските термини.