Баражот Македонија – Косово на 8 октомври

Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска донесе неколку важни одлуки, меѓу кои и кога би се играл бараж дуелот помеѓу Македонија и Косово за пласман на ЕП 2020 (преместено за 2021 година).

Дуелот во Лигата на Нации ќе се игра на 8. октомври, додека победникот од натпреварот, ќе го игра финалето на 12. ноември, по што ќе се знае патникот на Европското првенство идната година.