Единствен начин македонската ракометна репрезентација да се најде на завршницата од Светското првенство во Египет, наредната година е да добие вајлд – карта од страна на Светската ракометна федерација (ИХФ)
За двете покани кои ќе ги додели ИХФ на европските селкции има пет заинтересирани репрезентации. Освен Македонија на покана се надеваат уште селекциите на Србија, Полска, Црна Гора и Русија.
-Повеќето учесници на Светското првенство, наредната година се познати. Наскоро ќе бидат познати и преостантите, изјави првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.
Според пишувањет на српските медиуми најголема шанса да добијат вајлд – карта имаат селкциите на Македонија и Полска која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2023 година, додека Русија, Црна Гора и Србија имаат минимални шанси да добијат една од двете покани.