Починаа шест лица и 182 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 1, Кочани 1, Берово 1, Ресен 13, Неготино 1.

Починати се шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од  Скопје 22, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 1, Кочани 2, Свети Николе 1, Кичево 1.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.